Украдени пиштол и 20 илјади денари од куќа во Прилеп | Правдико

Правдико

   

Украдени пиштол и 20 илјади денари од куќа во Прилеп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во периодот од 09.00 часот на 27.05.2017 до 01.00 часот на 28.05.2017 година во Прилеп, на ул.„Цане Коњарец“, во куќата сопственост на Р.С. (57), непознат сторител извршил тешка кражба-соопштија од МВР.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм, кој Р.С. го поседувал со дозвола и 20.000 денари, по што го побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико