Украдени повеќе од 20.000 евра од куќа во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во неделата во Скопје, од куќа украдени се повеќе од 20.000 евра, соопшти полицијата.
Имено, во периодот од 16 до 23.10 часот во Скопје, во куќа сопственост на М.И.(58), непознати сторители извршиле тешка кражба. Сторителите влегле внатре, извршиле пребарување и одзеле околу 16.500 евра и 300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс