Украдени се 20 снајпери од Центарот за безбедност во Подгорица | Правдико

Правдико

   

Украдени се 20 снајпери од Центарот за безбедност во Подгорица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од полициски магацин во зградата каде што порано бил Центарот за безбедност во Подгорица украдени се 20 снајпери , како и значително количество муниција.

530847_snajper-ap_f

Магацинот не е пробиен, но крадците, ја отклучиле вратата и ги украле пушките и муницијата.

На информативен разговор се повикани повеќе инспектори како и магационери кои ги држеле клучевите од магацинот, но засега нема осомничени.Најверојатно станува збор за кражба на снајперски пушки со пригушувачи.

– Откако ЦБ Подгорица се пресели во новите простории дел од оружјето остана во магацинот. Се претпоставува дека  останаа снајперски пушки и придушувачи, како и околу 10.000 парчиња  муниција.

Потврдено е дека вратата не била оштетена и дека била отклучена, а по завршувањето на “работата” била заклучена.

Кога се забележа дека недостасуваат пушки, веднаш се лансира внатрешна истрага во рамките на полицијата. Сослушани беа и голем број на полициски службеници кои имале контакт со магацинот но засега нема осомничени.

Препорачуваме

Партнери на Правдико