Украдено македонско знаме од пред конзулатот на Монголија | Правдико

Правдико

   

Украдено македонско знаме од пред конзулатот на Монголија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од конзулот на Република Монголија во скопската полиција пријавиле дека непознат сторител го украл македонското знаме од пред објектот на булеварот Јане Сандански.

Како што информираат од МВР, лице од конзулатот пријавилo дека во периодот од 15:00 часот на 30 март до 12:00 часот на 31, непознат сторител го одзел знамето на РС Македонија, кое било поставено пред конзулатот на Република Монголија.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико