Украина ќе води судски процес против Сталин | Правдико

Правдико

   

Украина ќе води судски процес против Сталин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Украина се подготвува да одржи судење за обвинетите кои починаа пред 67 години – Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија. Слично нешто се случи во јануари 2010 година во Киев, кога организираа лажно судење на одамна починатите водачи на СССР и Украинска ССР, и ги обвинија за Холодомор – големата глад во Украина која се случила во 30-тите години на минатиот век, пишува Спутник.

„Тогаш имаше претседателски избори, а тогашниот претседател Виктор Јушченко знаеше дека нема да се избори ниту во вториот круг, а она што тој навистина го сакаше беше да остане во историјата како човекот кој го осуди самиот Сталин. На првата десетминутна седница за запознавање, обвинителката го замоли судот да ѝ даде рок од четири дена да разгледа 250 тома од овој случај, но не и беше дадена таква можност. Следното утро, судот, кој првпат ги виде овие бројни томови, „внимателно ги проучи“ и донесе „историска пресуда“. Тужителката се ограничи на двеминутна забелешка, по што пресудата се читаше два часа и 40 минути, од која беше јасно дека е напишана однапред“, посочува Спутник.

Сега Украина одлучи да го повтори сличното судење на Сталин и Берија. Но, овој пат, веќе е земен предвид случајот со депортацијата на Кримските Татари во 1944 година. Актуелната влада сега има малку повеќе време отколку што тогаш имаше Јушченко, така што процесот се подготвува подолго и подетално.

Кривична постапка според членот 442 од Кривичниот законик на Украина беше покрената во декември 2015 година. Една година подоцна, Окружниот суд во Геническ одобри претходна постапка во врска со испрашувањето на жртвите. Во писмото од 18.05.2017 година, украинското обвинителство, претставувајќи се како „кримско обвинителство“, посочи двајца осомничени: Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија. Неколку дена подоцна, во владиниот весник на Украина, истото обвинителство објави дека наводно ги известило починатите дека се осомничени.

Пред некој ден, Центарот за правна помош во Киев официјално ги назначи јавните правни застапници на обвинетите за „бесплатна правна помош“. Така, овој пат Сталин и Берија ќе имаат свои адвокати кои ќе зборуваат во име на мртвите.

За да не се претвори процесот во фарса, постои јасна практика во врска со случаите со мртви или починати: се поведува кривична постапка за сторено кривично дело, се спроведува истражна постапка, при што истражителот ги идентификува осомничените, се утврдува фактот за нивната смрт и се затвора овој случај, што што се координира ова прашање со обвинителството. Ова е секогаш случај и во Украина. Но, само ако Сталин не е осомничен. Кога оваа историска личност е на списокот на потенцијални обвинети, судската постапка се одвива поинаку.

Судејќи според коментарите на Андреј Домански, кој беше назначен за бранител на Сталин, украинскиот истражен суд едноставно се преправал дека не знае за смртта на советскиот водач.

„Немаме потврда за неговата смрт во списите на случајот, можеби тој останува жив за истрагата“, објасни адвокатот. И, кога Домански ќе биде прашан дали е принуден да брани мртов човек за прв пат, тој објаснува: „Наместо тоа, тоа ќе биде моето прво искуство со клиент кој ќе наполни 141 година“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико