Украина следната недела потпишува Договор за асоцијација со ЕУ | Правдико

Правдико

   

Украина следната недела потпишува Договор за асоцијација со ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека ќе го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ на 27 јуни и оти следнатата недела ќе го прати новиот министер за надворешни работи да го предаде мировниот план.

ukraine-parliament

Порошенко ги даде ветувањата откако го претстави пред медиумите Павло Климкин, кој претходно беше избран за нов министер за надворешни работи во парламентот. Новиот украински министер за надворешни работи би требало следната недела да го однесе мировниот план на Порошенко на состанокот со министрите од ЕУ во Луксембург.

Климкин пред новинарите изјави: „Нашите приоритети се очигледни – тие се мировниот план (за истокот на Украина, н.з.) и асоцијацијата со ЕУ“.

Осврнувајќи се на тој Договор за асоцијација, Порошенко рече: „Тоа што го сакавме толку долго ќе се случи следната недела“.

Кој е новиот министер за надворешни работи?

Павло Климкин е еден од неколкуте функционери кои денеска беа избрани во украинскиот парламент. Климкин всушност е досегашен украински амбасадор во Германија. 47-годишниот дипломат беше изгласан за министер со 329 гласа за. Ниту еден пратеник не беше против. Тој ќе го замени досегашниот министер Андриј Дешчица, кој пред неколку дена го нарече рускиот претседател Владимир Путин „гомнар“, по што Москва остро реагираше дека повеќе нема да има комуникација со него.

Новиот министер Климкин е школуван физичар во Москва, кој во дипломатската служба влезе пред повеќе од 20 години. Тој одигра клучна улога во преговорите за асоцијација и за склучување договори за слободна трговија со ЕУ, кои Украина очекува да ги потпише кон крајот на месецов. Тој исто така го претставуваше Киев на неодамнешните мировни преговори со Русија.

Претседателот Петро Порошенко, освен за новиот министер, денеска доби поддршка и за неговите предложени кандидати за шеф на Централната банка и за главниот јавен обвинител. Така, инвестицискиот банкар Валерија Хонтарева ќе седне во шефовската фотелја на Централната банка. Таа има работено во меѓународни и украински финансиски институции речиси две децении. Од неа се очекува да одигра голема улога во спроведување на тешки економски реформи во земјата.

Парламентот го одобри и назначувањето на првиот вицепремиер, 50-годишниот Виталиј Јарема за главен јавен обвинител.

Извор: DW

Партнери на Правдико