Украински бизнисмен најголем донатор на фондацијата Клинтон
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Фондацијата Клинтон од 2009 до 2013 година, кога изби кризата во Украина, примила најмалку 8,6 милиони долари од Фондацијата Виктор Пинчук со седиште во Киев.
Со оваа сума, Украина се искачи на врвот на листата кога станува збор за странски донации упатени кон фондацијата на фамилијата Клинтон, пренесува „Раша тудеј“.
Весникот „Вол стрит журнал“ минатата недела објави листа на донации кои фондацијата Клинот, чиј основач е поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, ги примила од странски граѓани во периодот од 2009 до 2014 година.
Пинчук, кој се збогати со производство на цевки, се обврза во 2008 година дека во наредните пет годиниќе уплати сума од 29 милиони долари за Клинтовата глобална иницијатива, програма наменета за обука на идните украински лидери.
Од Пинчук фондацијата објавија дека нивните донации за организацијата на семејството Клинтон се со цел да се направи Украина успешна, слободна, модерна држава заснована на европски вредности.
Извор: Нова Македонија