Украинскиот парламент ги отфрли контроверзните анти – протестни закони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Украинскиот парламент со аплауз ги отфрли контроверзните анти – протестни закони кои минаа со 361 глас за и само 2 против.
Претходно украинскиот премиер Микула Азаров поднесе оставка, што од опозицискиот лидер Виталиј Кличко е оценето како прв чекор кон победата.
Оваа негова одлука, како што соопшти Азаров, е за да се креира дополнителна можност за компромис за кризата во Украина.
Во Киев е во тек вонредна седница на украинскиот парламент чија цел е смирување на двомесечните немири. Во пресрет на седницата, претседателот Виктор Јанукович вети амнестија за сите демонстранти ако ги напуштат улиците на Киев.
Извор : Радио слободна Европа