Украинскиот парламент го врати Уставот од 2004 | Правдико

Правдико

   

Украинскиот парламент го врати Уставот од 2004

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

janukovicУкраинскиот парламент гласаше за враќање на Уставот на земјата од 2004 година. Со овој чекор се намалуваат ингеренциите на шефот на државата, а се зголемуваат оние на собранието.

Претходно претседателот Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата го потпишаа договорот за решавање на политичката криза во земјата. Јанукович претходно соопшти дека ќе бидат одржани предвремени претседателски избори и најави дека ќе започне процес на формирање на влада на национално единство.

До ова дојде по судирите во текот на оваа недела меѓу полицијата и антивалдините демонстранти во кои загинаа околу 80 луѓе. Договорот е постигнат со посредство на Европската унија.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико