Украл пиштол од куќа во Куманово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера попладне 46-годишниот М.И. од Куманово во полицијата пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во селото Романовце. Куќата е во сопственост на Ј.Ш. (59), кој се наоѓа на привремена работа во Швајцарија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Куманово при што констатирале дека непознатиот сторител, во периодот од петти до дванаесетти март, насилно ја отворил влезната врата од гаражата, влегол во куќата и одзел еден пиштол „Застава“ калибар 7,62мм.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија