Украле несесер со платежни картички и ги “испразниле“ во 18 трансакции од банкомати | Правдико

Правдико

   

Украле несесер со платежни картички и ги “испразниле“ во 18 трансакции од банкомати

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР-Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата Е.Н.Р. (27) и С.З.Ј. (46) и двете од Република Бугарија, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“ предвидено и казниво по чл.235 од КЗ на РМ, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 182.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка изречена им е казна затвор во траење од три години, со услов една година да не извршат кривично дело и истите се протерани и имаат 10 години забрана на влез во Република Македонија.

Горепријавените на 06.12. минатата година околу 12,00 часот во автобус број 5 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од автобуска постојка кај Рекорд во правец на населбата Карпош ја забележале оштетената и искористувајќи ја гужвата во автобусот и невниманието на истата, се доближиле до неа и додека второпријавената С.З.Ј. се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, првопријавената Е.Н.Р. со протнување на раката во ташната која истата ја носела на десното рамо и го одзела нејзиниот несесер  во кој имала: платежни картички и клучеви по што го напуштиле местото на настанот.

По извршување на кражбата двете пријавени извршиле пребарување во несесерот при што освен горенаведените предмети ги пронашле и пин кодовите од платежните картички по што во 18 трансакции од банкомати во Република Македонија подигнале околу 182.000 денари. Истиот ден пријавените ја напуштиле Р. Македонија и со украдените платежни картички подигнале уште 150 лева од банкомати на банки на Р. Бугарија.

Од страна на полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, бил подигнат видео материјал од безбедносните камери од банкоматите во времето кога се вршени трансакциите. На 24.01.2017 година околу 13,00 часот на бул.„Никола Карев“ во близина на Железничката станица-Скопје од страна на полициски службеници од ОИД МД Центар Бит Пазар поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривични дела кражби (џебни) двете пријавени биле приведени. Во ПС ОН Центар извршен бил разговор со нив во кој тие го појаснија начинот на извршувањето на кривичното дело.

Препорачуваме

Партнери на Правдико