Улога и положба на Државната комисија за жалби по јавни набавки | Правдико

Правдико

   

Улога и положба на Државната комисија за жалби по јавни набавки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ggfffffДржавната комисија е одговорна да одлучува во постапките за правна заштита и претставува државен орган кој е самостоен во својата работа и има својство на правно лице. Државната комисија обезбедува правна заштита заснована на начелата за легалитет, ефикасност и економичност.

Државната комисија беше основана со именување на претседател и четири членови со одлука на Собранието на Република Македонија на 4 ноември, 2008 година и првата седница ја одржа на 2726 ноември 2008 година. Државната комисија одлучува на седници со мнозинство гласови од членовите и ниту еден член на Комисијата не смее да се воздржи од гласање.

Седниците на Државната комисија ги свикува и со нив раководи претседателот, или во негово отсуство, заменикот на претседателот на Државната комисија кој е избран од редот на членовите со мнозинство од вкупниот број на членови со јавно гласање.

Државната комисија еднаш годишно доставува писмен извештај до Собранието на Република Македонија. Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, објектива и ефективна правна заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки. Правната заштита е достапна во сите фази од постапката за доделување на договори за јавни набавки, од известувањето до доделувањето на договорот за јавни набавки. Оваа правна заштита треба да го унапредува развојот на системот за јавни набавки кој се заснова на начелата за конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за набавка, како и ефективна употреба на финансиските средства во постапките за доделување на договори за јавни набавки. Оваа мисија се постигнува, главно преку спроведување на Законот за јавни набавки, во чекор со современите потреби и процеси на реформи во Македонија.

Државната комисија е самостоен државен орган кој е одговорен да одлучува по жалбите поднесени во постапката за доделување на договори за јавни набавки. Државната комисија за жалби по јавни набавки е составена од претседател и четири членови кои се именувани за период од пет години од страна на Собранитето на Република Македонија. Државната комисија има стручна служба во која вработените се државни службеници. Таа е организирана во два сектори и седум одделенија (две независни) со вкупно 42 систематизирани работни места.

Во 2009 година беа потполнети седум работни места (пет на неопределено време и две времени вработувања) или 16.67% од вкупниот број работни места во рамките на правилникот за систематизација на работните места на Државната комисија. Државната комисија е составена од пет члена, од кои еден е претседател, а еден е заменик претседател. Законот за јавни набавки и тоа во член 202, ги пропишува условите кои кандидатите мора да ги исполнат за да бидат именувани за претседател или за член на Државната комисија.

Претседателот на Државната комисија мора да поседува универзитетска диплома од областа на правото, да има положено правосуден испит и да има најмалку шест години искуство како судија, јавен правобранител, заменик јавен правобранител, нотар или адвокат или да има десет години искуство во други правни работи по положувањето на правосудниот испит. Државната комисија за работите од својата надлежност за постапување по жалбите изјавени против одлуките за доделување договори за јавни набавки утврдена со Законот за јавните набавки, одлучува на седница. Законот за спречување на конфликт на интереси се применува и за изземање на претседателот и членовите од Државната комисија во постапката за жалби.

Одлуките од Државната комисија се донесуваат на седниците со мнозинство гласови од присутните членови. Ниту еден член на комисијата не може да се воздржува од гласање. Во постапката за правна заштита, Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи што се наведени во жалбата, а по службена должност и во однос на битните повреди на ЗЈН (пропишани во член 210 од ЗЈН). Одлуките во врска со изјавените жалби Државната комисија ги носи на седниците со мнозинство гласови од присутните членови. Донесената одлука е валидна доколку на седницата се
присутни (најмалку) три члена (индивидуалните члена не смеат да се воздржат од гласање). Член на Државната комисија се иззема од работата на
предмет во случај на постоење на судир на интереси, согласно законот за спречување на судир на интереси.

Државната комисија одлучува во рок од 15 дена од комплетирањето на документацијата и ја објавува одлуката на својата официјалната страница

Извор: http://dkzjn.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико