Правдико

   

Улогата на општинските совети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bnnnСоветот на општината, составен од претставници на граѓаните, е надлежен да:

• донесува статут на општината и други прописи;
• донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
• ја утврдува висината на сопствените извори на приход за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
• основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и да врши надзор над нивната работа;
• именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
• усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основа општината;
• ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
• решава за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес, а од локално значење, во согласност со законот;
• ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основа општината;
• решава за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со законот;
• го избира лицето што ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
• го разгледува и го усвојува извештајот за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и
до народниот правобранител.

Надлежноста на советот е голема и е од различни области, затоа ќе има потреба да се формираат постојани или повремени комисии, како тела на сове-
тот. Кои комисии ќе се формираат и колкав ќе биде бројот на членовите ќе решите сами со статутот на општината. Обично, комисиите се формираат за оп-
ределена област или за повеќе сродни области и при изборот на членовите се внимава тие да ја познаваат таа област. Советот, на предлог на градона-
чалникот, ги донесува буџетот и годишната сметка на општината.На дневен ред е донесување програма за одржување на хигиената на јавно-прометни површини. Комисијата за комунални дејности, која ја формира советот, откако претходно ќе ја разгледа таа програма, може да му предложи на советот поинакви решенија од тие што се нудат, или да ја дополни програмата со нови решенија.

Се донесува урбанистички план, а Комисијата за урбанизам и за градежништво, сигурно, ќе даде свој придонес во донесувањето квалитетен план. Бидејќи советот е составен од советници што припаѓаат на различни политички партии, при составувањето на комисиите треба да се заварди пропорционалната застапеност на сите политички партии што имаат свои членови во советот. Пример: Работата на советот ќе се олесни доколку има формирано комисија за финансирање и за буџет. Таа ќе биде составена од членови што ја познаваат оваа област и до советот ќе можат да достават конкретни предлози. Составот на населението во општината, по последниот извршен попис, е таков што повеќе од 20 проценти се припадници на одредена заедница. За решавање на односите меѓу овие заедници се формира Комисија за односи меѓу заедниците. Комисијата ќе биде составена од еднаков број членови на секоја заедница застапена во општината и нивниот избор ќе се уреди со статутот на општитата.

Тогаш кога комисијата ќе расправа за односите меѓу заедниците и ќе изгради свое мислење или ќе има решение како тие односи да се решат, ми-
слењето и решението ќе му ги достави на советот. Советот во ваква ситуација е должен да ги разгледа мислењата и понудените решенија и да донесе од-
лука во врска со нив. Јавните установи, кои советот ги основа за извршување надлежности на општината, даваат услуги. Јавното комунално претпријатие го подига сметот. Корисници на оваа услуга се физички и правни лица.

Советот за заштита на потрошувачите треба да биде составен од претставници на физичките и на правните лица. Исто така, советот за заштита на потрошувачите, кој е составен од корисници на споменатата услуга, има можност да го оцени нејзиниот квалитетот и може да предлага мерки за негово подобрување. Имено, подигањето на сметот се врши еднаш неделно од одредена улица. Тоа во практика не задоволува, односно кантите се преполни и сметот се растура. Советот за заштита на потрошувачите може да предложи подигањето да биде двапати неделно или да предложи некое друго посоодветно решение.

Избор и обврски на претседателот

На првата конститутивна седница се потврдува мандатот на изборот на членовите на советот. Потребно е да се избере претседател на советот. Како ќе се на-
прави тоа? Доколку во првиот круг гласање ниту еден од кандидатите не добил потребно мнозинство, се пристапува кон втор круг на гласање само за двајцата кандидати што во првиот круг добиле најмногу гласови. Во вториот круг гласање за избран ќе се смета кандидатот што добил повеќе гласови. Избраниот претседател ќе ги свикува седниците на советот и ќе ги раководи. Имено, свикувањето на седниците се прави со доставување решение со предлог-дне-вен ред, кое се доставува до членовите на советот. Претседателот ќе ги потпише сите акти што ги донел советот и ќе ги достави до градоначалникот заради објавување во службениот весник и нивно натамошно извршување.

Распуштање на советот

Еднаш конституираниот совет може да се распушти во случај кога за тоа ќе се изјасни мнозинството од вкупниот број членови на советот. Меѓутоа, советот
се распушта и во случај кога:

• повторно ќе го донесе прописот што претходно Уставниот суд на Република Македонија со одлука го поништил или укинал;
• ќе донесе одлука со која се загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија;
• нема да се состане, односно нема да се одржи седница за период подолг од шест месеци;
• нема да го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година.

Во случај да настане некој од претходните случаи, односно да дојде до распуштање на советот, работите на советот, до избор на нов совет ќе ги врши
градоначалникот. Меѓутоа, градоначалникот, при вршењето на работите што се во надлежност насоветот, нема да може да донесува одлуки за прашања
што се однесуваат на:

• располагањето со сопственоста на општината, а тоа значи дека не може да донесува одлуки:
• за продажба на имот на општината;
• за набавка, односно купување;
• за донесување прописи за кои е надлежен советот;
• во случај кога тој или негов брачен другар, деца или роднина до втор степен во странична линија имаат финансиски или друг личен интерес.

Извор: http://www.zels.org.mk

Партнери на Правдико