Улогата на правосудната полиција | Правдико

Правдико

   

Улогата на правосудната полиција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правосудна полиција се полициските службеници од Министерството за внатрешни работи и припадниците на Финансиската полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривањето на кривичните дела. Изразот полиција во ЗКП се употребува како општ назив за правосудната полиција, и за припадниците на полицијата во смисла на Законот за полицијата, како и припадниците на Воената полиција.

apsenjeДолжноста на правосудната полиција

По службена должност или по наредба на јавниот обвинител правосудната полиција е должна:

– Да презема мерки и активности со цел за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела,

– Спречување на натамошни последици на кривичните дела,

– Фаќање и пријавување на нивните сторители,

– Обезбедување на докази и други мерки и активности што можат да користат за непречено водење на кривичната постапка.

– Правосудната полиција спроведува истражување и дејствија наложени или доверени од судот и јавното обвинителство.

– Овие должности ги вршат старешините и службениците на правосудната полиција.

Таксативно наведените должности на правосудната полиција, ги вршат:

1)  Полициските службеници во организационите единици во Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа кои со гласно со законски утврдениот делокруг на работа преземаат мерки и активности за от кривање на кривични дела, фаќање и пријавување на сторителите на кривични дела, обезбедување на докази на кривичните дела и други мерки со кои се овозможува непречено водење на кривичната постапка;

2) Припадниците на правосудната полиција во истражните центри на јавното обвинителство и

3) Службениците доделени на јавниот обвинител.

По потреба, заради ефикасно спроведување на кривичната постапка, на јавниот обвинител по негова наредба ќе му бидат доделени на работа службеници од МВР,ФП И ЦУ. Службениците доделени на јавниот обвинител исклучиво му се на располагање на јавниот обвинител, работат под негова контрола и надзор, ги почитуваат и извршуваат неговите наредби, работат согласно со неговите насоки и упатства и за својата работа му одговараат на јавниот обвинител.
За времето додека службениците се доделени да работат кај јавниот обвинител не можат да бидат распоредени на друго работно место во државните органи од каде што доаѓаат или да бидат отстранети да работа од предметниот случај, без изречно одобрение на јавниот обвинител.

policaecСтарешини и службеници на правосудната полиција

Старешини на правосудната полиција се раководителите на организационите единици каде работат полициските службеници кои ги вршат должностите на правосудната полиција, кои се во непосредна врска со јавниот обвинител. Службеници на правосудната полиција се полициските службеници во Министерството за внатрешни работи, припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа, како и припадниците на правосудната полиција во истражните центри на јавното обвинителство.

Сите служби и службеници во правосудната полиција работат по налог на надлежните јавни обвинители и се одговорни пред надлежниот јавен обвинител.
Старешините и службениците на правосудната полиција се должни да ги вршат задачите што им се доделени. Припадниците на правосудната полиција не може да бидат оддалечени од  задачата што им е доверена во рамките на истрагата за кривично дело, освен со одлука на  надлежниот јавен обвинител.
Во случај да припадниците на правосудната полиција не постапуваат во врска со вршењето на функциите предвидени во законот предвидена е и дисциплинска одговорност на  припадниците на правосудната полиција.

Од тие причини надлежниот јавен обвинител може да поднесе иницијатива за поведување дисциплинска постапка до надлежниот орган каде што се вработени припадниците на правосудната полиција, и без одлагање органот да го извести јавниот обвинител за резултатите од поднесената иницијатива.
Доколку во соодветниот орган не е поведена дисциплинска постапка или ако јавниотобвинител не е задоволен со резултатот од дисциплинската постапка или со начинот на кој е спроведена, јавниот обвинител на Република Македонија ќе ја извести Владата на Република Македонија

Извор:http://polis.osce.org/

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико