УНЕСКО: Уништувањето на храмот во Палмира е воено злосторство | Правдико

Правдико

   

УНЕСКО: Уништувањето на храмот во Палмира е воено злосторство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

631898_palmira-sirija02foto-reuters_fАгенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), соопшти дека уништувањето на храмот во древниот град на Палмира, во Сирија, претставува воено злосторство и дека сторителите ќе одговараат за своите дела.

Екстремистите на исламската држава, кои од мај го контролираат Палмира, го срамнија со земја храмот Балшамин, кој е заштитен како светско културно наследство на УНЕСКО.

“Ја повикувам меѓународната заедница да остане обединета во заштитата и спречувањето на уништување на културата”, изјави директорот на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Припадниците на исламската држава во неделата со голема количина на експлозив го уништиле храмот Балшамин. Џихадисти неодамна во Палмира го погубија еден од најистакнатите експерти за сириските антиквитети, Калед Асад (81).

Палмира е познат по остатоците од римско време, а своевремено привлекуваше илјадници туристи.

Препорачуваме

Партнери на Правдико