Унгарија го одби системот со квоти за имигрантите | Правдико

Правдико

   

Унгарија го одби системот со квоти за имигрантите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета  дека земјите-членки на ЕУ не треба да бидат лишени од правото самостојно да одлучуваат за илегалните мигранти на нејзината територија и да ги брани своите граници.

Viktor-Orban-nspm

На седницата на Европскиот парламент во Стразбур, тој го отфрли системот на квоти за имигрантите, предложен од страна на Европската комисија, истакнувајќи дека тоа само ќе го зголеми нивниот број во ЕУ, пренесува МТИ. Планот на квоти за мигранти веќе беше критикуван или одбиена од страна на Велика Британија, Франција, Естонија и Словачка.

Според Орбан, системот на квоти може да се прифати само на доброволна основа, што не е случај. Ако ЕУ не е во можност да се справи со оние кои бегаат од војни и беда што ќе прави со нови потенцијални милион мигранти, предупреди Орбан.

Орбан истакна дека за Унгарија е неприфатливо тоа што за оваа тема одлуките се донесуваат во Брисел, истакнувајќи дека би било фер да се побара мислење од граѓаните што мислат за ова прашање.

Унгарскиот премиер апелираше да се направи разлика помеѓу оние кои бараат азил, и оние кои имаат право на меѓународна помош, како и за економските мигранти.

Според него, имало мешање на прашањето за бегалците, економските мигранти и привремени работници, овие три категории треба да се решава одделно.

Препорачуваме

Партнери на Правдико