Унгарија го ратификува протоколот за НАТО | Правдико

Правдико

   

Унгарија го ратификува протоколот за НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 153 гласа „за“ пратениците од Унгарија едногласно го ратификуваа протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО.

На чинот на ратификувањето присуствуваше претседателот на Собранието, Талат Џафери, по покана на претседателот на националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер.

Претходно, денеска, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази очекување дека процесот на ратификација на пристапниот протокол за Северна Македонија ќе заврши до декември годинава и дека на претстојниот самит на НАТО во Лондон земјата ќе стане полноправна членка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико