Унгарија ќе биде со најниска стапка на данок на добивка | Правдико

Правдико

   

Унгарија ќе биде со најниска стапка на данок на добивка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Унгарија од идната година ќе ја намали стапката на данок на добивка на 9 %, што ќе биде најниска стапка од цела Европа со што било можело да го привлече вниманието на инвеститорите.

castle-hill-varhegy

Во моментот, компаниите во Унгарија со приходи пониски од 500 милиони форинти или 1,6 милијарди евра, плаќаат данок од 10 %, а компаниите со повисоки приходи плаќаат данок на добивка со стапка од 19 %.

Најниски стапки на данок на добивка меѓу земјите во Европа имаат: Бугарија , Ирска и Кипар, додека во Македонија стапката е 10 %.

Во буџетот на Унгарија за 2017 година ќе бидат проектирани помали приходи од данокот на добивка, но тие ќе се покријат од резервниот фонд на државата.

Унгарија исто така планира да ја зголеми минималната плата која изнесува 360 евра, со цел да се намали одливот на граѓани кои заминуваат на работа во западно-европските држави.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико