Унгарија ќе гради кампови за мигрантите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Унгарската Влада на вчерашната седница издвои уште 71.5 милиони евра за изградба и функционирање на центрите за мигранти односно за заштита на границите , изјави за државната телевизија М1, Золтан Ковач, портпарол на Владата на Република Унгарија.
Золтан Ковач истакна дека се уште не е одлучено каде ќе биде поставен кампот.
Во последните 24 часа на територијата на Унгарија се приведени околу 1.600 мигранти, што е рекорден број во изминатиот месец.
Портпаролот на унгарскиот премиер, изјави дека сé поголем број на мигранти се со здравствени проблеми и дека досега во Унгарија се згрижени околу 5.600 нелегални мигранти.
“Затоа, најприоритетна работа е изградбата на оградата на унгарско-српската граница за што Владата претходно обезбедени 6,5 милијарди форинти (21,5 милиони евра)”, рече Ковач и потврди дека крајниот рок за изградба на ограда е 31 август.