Унгарија: Ќе ја отстраниме оградата доколку бројот на мигранти се намали
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министрите за внатрешни работи и одбрана на Унгарија, Шандор Пинтер и Чаба Хенде беа на посета на местото каде што се врши поставување ограда на унгарско-српската граница. На изградбата на оградата ќе учествуваат 900 војници.
Министрите на прес-конференцијата што се одржа пред оградата потврдија дека оградата ќе се гради по должина од 175 километри долж унгарско-српската граница, но во неколку наврати повторија дека оградата е привремена и ќе го разгледаат нејзиното отстранување, доколку бројот на мигранти се намали.
“Ние знаеме дека оградата не е решение, но моравме да превземеме нешто”, рече Пинтер.
Министерот за внатрешни работи на Унгарија истакна дека ова не е прва ограда во Европската унија, и ги спомена ѕидовите во Шпанија, Грција и Бугарија.
“Унгарија нема добиено официјално барање од страна на Европската унија да не ја подигаме ограда, ние со ова ги браниме и Унгарските и шенгенските граници”, рече Пинтер.
Од почетокот на 2015 година до денес во Унгарија илегално влегле 81.333 мигранти, од кои 80,724 од Србија, изјави министерот за внатрешни работи на Унгарија.
“Унгарија не може да го издржи приливот на 160.000 мигранти годишно и тоа е причината зошто ја подигаме оваа ограда”, рече Пинтер.
Министерот за одбрана истакна дека на изградбата на оградата работат од 10 до 12 тимови и околу 900 војници.
На пробниот простор од 150 метри претставени се четири видови на огради, а унгарската влада следната недела ќе одлучи за видот на оградата, која ќе биде поставена по должината на унгарско-српската граница.