Унгарија ќе поставува капија на пругата помеѓу Суботица и Сегедин
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Властите во Будимпешта размислуваат за можноста за поставување на “Капија” на железничката пруга кој води од Суботица до Сегедин, соопшти телевизијата М1.
Се работи за пругата Суботица-Сегедин коридортот по кој бегалците ја поминуваат границата нелегално.
Претходно железничкиот сообраќај помеѓу Сегедин и Суботица беше запрен, а со поставувањето на “Капијата”, се очекува бегалци да бидат спречени од нелегално преминување и ќе се создадат услови за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај.
Синоќа по полноќ нормализиран е сообраќајот на патот од Рескеа до Сегедин, откако претходната ноќ група бегалци пешки тргнале кон Сегедин.
Состојбата во унгарското село Реска утрово е мирна, но и понатаму доаѓаат нови бегалци, и тоа е преку “зелената граница” со Србија .
Во Суботица бегалците пристигнуваат со редовни и вонредни автобуси кои тргнуваат од Белград, а потоа продолжуваат со возови, а се користат и голем број на возила од Белград .
Група од околу 150 бегалци се упатија кон автопат по влегувањето во Унгарија од Србија, а полицијата употреби солзавец за да ги спречи да се приклучат на една друга група која вчера во вечерните часови го напушти кампот.