Унгарија нема повеќе да прима бегалци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата откако властите синоќа соопшти дека ја суспендираат Даблинската спогодба, европски документ што се однесува на бегалците, за да ги заштити унгарските интереси.
Даблинската спогодба подразбира дека барањето за азил во Европа треба да биде разгледано во првата европска земја во која дошол барателот на азил.
Европската комисија веднаш побара појаснување на ваквиот потег на Будимпешта.
Според наводите на унгарските власти, повеќе од 60.000 луѓе илегално влегле во земјата од почетокот на годинава досега. Унгарија деновиве соопшти дека на границата со Србија ќе постави ограда за да го запре бранот бегалци.
Извор: МЕТА.мк