Унгарија очекува 300.000 мигранти да влезат во земјата | Правдико

Правдико

   

Унгарија очекува 300.000 мигранти да влезат во земјата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

21072015191723_sdfp-immigrantsУнгарската влада соопшти дека оваа година очекува 300.000 мигранти да влезат во земјата, што е двапати повеќе од претходните проценки, истакна шефот на премиерскиот кабинет Јанош Лазар

Од почетокот на 2015 година досега во Унгарија пристигнале околу 90.000 мигранти. Повеќето од нив продолжуваат кон други земји од ЕУ.

– Унгарија стана една од државите кои се најмногу изложени на нелегална миграција – изјави Лазар.

Според него, ваквата појава го оправдува планот за изградба на заштитен ѕид долж јужната граница со Србија и тоа да се реализира колку е можно побрзо.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико