Унгарија од утре ги затвора границите поради Ковид-19 | Правдико

Правдико

   

Унгарија од утре ги затвора границите поради Ковид-19

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Унгарија од утре ќе ги затвори своите граници поради страв од ширење на коронавирус, со што стана првата земја на ЕУ која толку сериозно ги засили ограничувањата, јави АФП. Границите ќе бидат затворени цел септември.

„Од 1 септември странските граѓани нема да смеат да влегуваат на територијата на Унгарија“, рече Гергели Гулиас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Унгарија, која има речиси 10 милиони жители, досега регистрираше околу 5.500 позитивни на Ковид-19 и 614 смртни случаи. Оваа држава, како што неодамна рече министерката за внатрешни работи на Финска, Марија Охасало, има „најстегната гранична политика по ова прашање“.

Шефот на Орбановиот Кабинет, Гулијас, пред новинарите изјави дека повеќето нови инфекции во земјата потекнуваат од странство. Тој додаде дека на унгарските државјани кои се враќаат од други земји ќе им биде дозволено да влезат ако покажат два негативни тестови за коронавирус или сами да заминат во 14-дневен карантин. Според Гулијас, владата подоцна ќе прецизира други исклучоци, како на пример, за дипломатите и транзитното патување.

Гулиас се тестираше и доби негативен тест за Ковид-19 откако тој и неколку други владини службеници беа на приватен настан на кој биле во контакт со портпаролот на владејачката партија, а кој бил корона позитивен. Министерот за надворешни работи Питер Сијарто исто така беше мета на критики минатата недела откако беше забележан на јахта во Хрватска додека објавуваше слики на социјалните мрежи како работи во својата канцеларија, пренесе АФП.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико