Унгарскиот парламент усвои резолуција со која се одбива планот на ЕУ за воведување на квоти за бегалците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Унгарскиот парламент усвои резолуција со која се одбива планот на ЕУ за воведување на квоти за распоредување на бегалци во земјите-членки.
Резолуцијата, поддржана од страна на пратениците на Фидес на премиерот Виктор Орбан, демохристијаните пратениците кои се исто така во владата, и екстремно десничарската Јобик, го отвора патот на Владата да покрене правна постапка со цел да се избегне планот на ЕУ.
Унгарската влада претходно соопшти дека чека од парламентот да се изјасни за квотите пред да се одлучат да поднесат жалба за таквото решение. Словачка исто така, размислува да превземе слични чекори.
Европската комисија пред две недели ја одби анализата на Чешката Република, според која механизмот на прераспределба на бегалците не е во согласност со законите на ЕУ и му порача на Прага дека ако земјата ги одбие квотите може да ја тужи Европската унија на суд.