Унгарските власти ја запреа истрагата за Груевски – имал валидни документи за влез во земјата | Правдико

Правдико

   

Унгарските власти ја запреа истрагата за Груевски – имал валидни документи за влез во земјата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Во текот на истрагата беше утврдено дека Никола Груевски имал валидни патни документи на унгарско-српската граница и на другите гранични премини и неговиот влез во шенген-зоната е во согласност со законските прописи“, се вели во унгарскиот полициски извештај, со кој се затвора истрагата за начинот на кој поранешниот премиер Груевски влегол во Унгарија, пренесува унгарскиот портал „444.ху.“

Според одделот за илегална миграција при унгарската полиција, во случајот на Груевски „не било детектирано никакво незаконско преминување на границата“, иако, како што пренесува медиумот, не е прецизирано точно со каков документ тој ја преминал границата. За унгарскиот медиум посебно е интересен делот за запирање на истрагата против Груевски, во кој се вели дека процедурата за добивање азил не била организирана, тој доброволно ја поднел својата апликација за азил на унгарските власти, без каква било организирана активност.

Во меѓувреме, на Груевски му беше одреден притвор за случаите „Титаник“, ТНТ и за случајот „Талир“, а ОЈО ја прошири истрагата за крвавиот четврток и настаните од 27 април за 5 лица, меѓу кои и за поранешниот премиер. Тој е правосилно осуден на две години затвор за случајот „Тенк“.

Груевски на 9 ноември минатата година избега од Македонија и експресно доби азил во Унгарија. Оттогаш тој редовно пишува на социјалните мрежи, дава интервјуа за медиуми, а неколкупати беше фотографиран како се шета низ Будимпешта.

Македонските власти сè уште не излегле со детални информации за тоа како успеал Груевски да ја напушти земјава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико