УНХЦР бара 128 милиони долари за справување со бегалската криза | Правдико

Правдико

   

УНХЦР бара 128 милиони долари за справување со бегалската криза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

670071_tovarnik-izbeglice-migranti-07reutersfoto-reuters_fВисокиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) апелираше на донаторите дека до крајот на 2016 година, ќе треба да се обезбедат 128 милиони долари за да се реши бегалската криза во Европа.

УНХЦР соопшти дека “прави планови за справување со максимум 700.000 луѓе кои бараат безбедност и меѓународна заштита во Европа за 2015 година”.

“Иако во моментов е тешко да се направат проценки, можно е бројот на луѓе кои ќе доаѓаат и во 2016 година да биде уште поголем”, се вели во соопштението.

Тој објаснува дека УНХЦР го ревидираше својот апел за финансирање на специјалната иницијатива за Медитеранот за 2015 и 2016 година и дека “вкупните финансиски средства потребни за периодот од јуни 2015 до декември 2016 сега изнесуваат 128 милиони американски долари.

“Овој апел вклучува активности во Европа, но и програми во земјите на азилот и транзит на Блискиот исток  во Африка”, се вели во соопштението.

Се укажува дека “повеќе од половина милион луѓе, од кои повеќето се бегалци, оваа година дојдоја од средоземното морето во потрага по безбедност во Европа” и дека “европските земји прават напори да се справат со приливот на бегалци и мигранти”.

Препорачуваме

Партнери на Правдико