УНХЦР: Се очекува нов рекорд на бегалци и раселени лица во 2015
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во 2015 година, ќе биде достигнат нов рекорд во бројот на бегалци и раселени лица во светот, со повеќе од 59,5 милиони колку што беа 2014 година, покажува извештајот на Високиот комесаријат за бегалци.
Оваа година, бројот на бегалците “значително ќе надмине 60 милиони ,” наведуваат експертите од УНХЦР.
Во првите шест месеци од 2015 година, имало најмалку пет милиони раселени повеќе во однос на претходната година.
Во истиот период забележан е до сега невиден број на емигранти кои пристигнаа за Европа преку Средоземното Море, претежно од Сирија и други завојувани земји.
Бројот на бегалците во светот се зголеми за 45 отсто од 2011 година, се вели во извештајот.
Најголем број на бегалци има – 4,1 милиони во Азија и на Пацификот, 3,8 милиони во Европа , 3,5 милиони на Блискиот Исток и Северна Африка, додека на американскиот континент, има 753.000 бегалци.
Најголем број на баратели на азил е забележано во Германија во првата половина на 2015 година – 159.000, а во 2014 година имало 173.000. Следува Русија со 100.000 баратели на азил, главно од Украина.
На трето место се САД со 78.200 баратели на азил, што е 44 отсто повеќе отколку во 2014 година.
Во Јемен, внатрешно раселените лица во првите шест месеци од оваа година беше 933.500, 559.000 во Украина, во Ирак 366.500 и Пакистан 309.200.