УНХЦР: Србија и Македонија го органичуваат протекот на мигранти | Правдико

Правдико

   

УНХЦР: Србија и Македонија го органичуваат протекот на мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

unhcr_660x330Србија и Македонија овозможуваат протек само на мигранти што се од Сирија, Ирак и од Авганистан, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Портпаролката на УНХЦР, Мелита Шунјич, соопшти дека на другите мигранти не им е дозволен влез и дека на границите веќе се насобрале неколку стотина вакви случаи.

Очевидци од границата на Македонија со Грција за „Ројтерс“ изјавиле дека македонската полиција синоќа почнала да ги враќа сите мигранти кои не се од Сирија, Ирак и од Авганистан.

– Србија од вчера, во 18 часот, почна да ги враќа назад во Македонија сите освен Сириците, Ирачаните и Авганистанците. Македонија ја затвори границата околу 3 часот по полноќ и околу 100 луѓе останаа на меѓуграничната област – вели Шунјич.

Извор: МЕТА.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико