УНХЦР: Во Србија за една ноќ влегле 7000 бегалци | Правдико

Правдико

   

УНХЦР: Во Србија за една ноќ влегле 7000 бегалци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку 7.000 бегалци – мажи, жени и деца, влегле ноќта меѓу саботата и неделата од Македонија во Србија, соопшти УНХЦР, додавајќи дека очекуваат и поголем број мигранти.

УНХЦР истекнува дека од македонските власти добиле уверување дека „границата ќе биде отворена за бегалци кои бегаат од судири во државите од кои потекнуваат“.

На српската граница, УНХЦР соработува со локалните власти и хуманитарни организации за да се обезбеди сместување и храна за оние кои пристигнуваат, се вели во соопштение.

Истовремено, Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина повикаа на „поголема поддршка за мигрантите кои влегуваат во Европа преку Западен Балкан“.

– Неопходно е повисоко ниво на соработка и заеднички напори за да се одговори на хуманитарните потреби на загрозените, се вели во соопштение.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико