Правдико

   

УНИЦЕФ: Боко Харам се повеќе користи деца за самоубиствени напади

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бунтовниците од Боко харам се повеќе користат деца за самоубиствени напади, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.Во земјите, во кои дејствува Боко харам во регионот на езерото Чад, Нигерија, Нигер, Камерун и Чад, 27 деца биле искористени од исламистичката групација за самоубиствени напади во првите три месеци од оваа година. Минатата година 30 деца извршиле самоубиствени напади во тие држави. Повеќето биле девојчиња, се вели во извештајот на УНИЦЕФ.

Бунтот на Боко харам влегува во осмата година и во него доега загинале над 20 илјади лица.

Во 2014 година терористите од Боко харам киднапираа над 200 ученички од училиште во нигерскиот град Чибок. Утре се навршуваат три години од киднапирањето.

Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека исламистите често пати ги силуваат киднапираните, ги принудуваат да им станат сопруги на исламистички борци или да извршуваат самоубиствени напади.

Од 2014 година во регионот на езерото Чад се извршени 117 напади, од кои повеќето од млади луѓе, а 80 отсто од нив биле извршени од млади девојчиња, кои понекогаш биле дрогиорани, пред да бидат испратени „во мисија“, нагласува УНИЦЕФ.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико