УНИЦЕФ: Неопходна е заштита на децата-бегалци | Правдико

Правдико

   

УНИЦЕФ: Неопходна е заштита на децата-бегалци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

24198golemaИзвршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, во однос на децата-мигранти и бегалската криза во Европа вели последните фотографии кои го шокираа светот нема да бидат последните, доколку не се преземат мерки за заштита на децата.

Во писмена изјава, Лејк вели неопходна е заштита на децата-бегалци преку обезбедување основни услуги во секое време – вклучувајќи здравствена заштита, храна, емотивна поддршка и образование, и соодветно засолниште за мигрантите и бегалците, во кое семејствата ќе останат заедно.

Потоа тој вели, потребно е распоредување на соодветен број обучени експерти за заштита на децата заради поддршка на децата и нивните семејства, продолжување со потрагите и спасувачките операции – не само на море, туку и на копно и вложување на сите напори за да се спречи злоупотребата и експлоатацијата на децата-мигранти и бегалци.

Во случаите на азил, Лејк препорачува децата треба да бидат на пво место.

– Додека продолжуваат дебатите за политиките, никогаш не смееме да ја изгубиме од вид длабоко човечката природа на оваа криза. На шокот мора да се одговори со реакција, вели Лејк, надополнувајќи дека маката на овие деца не е по нивни избор, ниту во нивна контрола и тие имаат потреба и право на заштита.

Тој порача дека само ставање крај на конфликтите во местата од каде што доаѓаат бегалците, ќе донесе крај за страдањата на милиони луѓе.

Извор: НОВАТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико