Уницеф: Се зголемува драстично нееднаквоста меѓу децата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бројот на деца кои не одат на училиште постојано расте. Детските бракови не се намалуваат со децении и милиони деца ќе умрат од болести ако не се води борба со глобалната сиромаштија, се вели во годишен извештај на Уницеф.
Кај сиромашните деца веројатноста дека ќе го загубат животот пред да навршат пет години е двапати повисока отколку кај деца во богати семејства, се додава во извештајот објавен денеска.
Ако не се преземат акции, 69 милиони деца ќе умрат пред да наполнат пет години до 2030 година, најголемиот дел во Африка, јужно од Сахара. Девет од 10 деца во тој регион ќе живеат во крајна сиромаштија, што значи со помалку од 1,9 американски долари дневно.
Сиромашните девојчиња двапати почесто се мажат на детска возраст од девојчиња во богати семејства.
Во извештајот – Состојбата со децата во светот – се упатува повик да се зголемат напорите за образование на децата. Околу 124 милиони деца не одат во основно училиште, и нивниот број е зголемен за околу два милиона од 2011 година.
Децата родени од образовани мајки имаат трипати помала веројатност да умрат, од децата на необразовани мајки, се вели во извештајот. Околу 250 милиони деца живеат во зони на конфликт.
Извор: Нова Македонија