Упатства за добивање овластување за регистрационен агент – адвокат / адвокатско друштво
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Регистрационен агент е трговец поединец или трговско друштво кое е регистрирано за вршење на сметководствена дејност, адвокат и адвокатско друштво кои имаат овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација.
За добивање на овластувањето лицето поднесува барање до Централниот регистар.
Овластувањето “РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ” за авокат и адвокатско друштво се добива врз основа на поднесено барање за добивање на овластување и прилози согласно Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.
Барањето може да се преземе (овде).
Прилози кон барањето:
- Доказ за вработено лице (М1/М2 образец), истото да поседува лиценца за вршење на адвокатска дејност,
- Фотокопија од лиценцата за вршење на адвокатска дејност,
- Изјава за заштита на личните податоци, потпишана од лицето наведено во точка 1 Изјавата може да се преземе (овде),
- Потпишан договор за користење на Системот за е-регистрација и истиот се доставува во два примероци. Договорот може да се преземе (овде).
–ПРАВДИКО–