Употреба на запалени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување | Правдико

Правдико

   

Употреба на запалени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

maxresdefaultКако една од промените кои ќе следат со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата е во врска со употребата на светлата во сообраќајот. Имено од аспект на постојните решенија по предметното прашање, предложениот закон предвидвидува поинакво решение, со кое се утврдува задолжителна употреба на запалени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост и тоа на моторните возила.

Оттука во сообраќај на пат, од првиот самрак до потполното разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот, а возачот на мотоциклот во сообраќај на пат, за време на управување со мотоциклот, задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла и дење и ноќе.

По исклучок од наведените случаи, обврската за задолжителна употреба на запалени светла не се однесува на возило што е запрено или паркирано на осветлен дел од патот, така што јасно може да се гледа од доволна оддалеченост; возило што е запрено или паркирано на за тоа посебени определени места на коловозот или надвор од него или на улици со послаб сообраќај и велосипед, велосипед со мотор и мотоцикл, кога се запрени или паркирани во населено место, покрај самиот раб на коловозот.

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико