УПОЗ: Штрајкот продолжува се до потпишување на спогодбата | Правдико

Правдико

   

УПОЗ: Штрајкот продолжува се до потпишување на спогодбата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Plakat StrajkСе додека не се донесат измени и дополнувања на Законот за судска служба со кој ќе се оствари правото на додатоци на плата и не се потпише спогодба во која Министерството за правда и Судскиот совет не преземат обврски да го спорведат потпишаното – штрајкот нема да биде прекинат стои во соопштението на УПОЗ.

Во врска со штрајкот во судовите денес Синдикатот на УПОЗ и ЗСА одржаа состанок на кој ја разгледаа Предлог спогодбата од Министерството за правда.

На состанокот беше констатирано дека неприфатлива е спогодба во која не се прецизирани рокови и спогодба која нуди обврска само за едната страна односно Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

Претходно по Предлог – спогодбата се изјаснија сите синдикални организации и подружници и врз основа на тие забелешки од денешниот состанок, до Министерството за правда и Судскиот совет на Р. Македонија, Синдикатот и ЗСА понудија изменет предлог текст на спогодбата кој претставува солидна основа за преговори по кои штрајкот може да биде прекинат.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА очекуваат во најбрз рок другата страна, Министерството за правда и Судскиот совет на Р. Македонија да се произнесат или да отпочнат преговори за евентуалните спорни прашања од Предлог – спогодбата.

Сметаме дека е потребен завршен и сериозен пристап со цел што побрзо да се дојде до конечно решение, а во меѓувреме штрајкот во судовите продолжува до прифаќање на одредбите од спогодбата.

Предлог – спогодбата што Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ја испратија до Министерството за правда и Судскиот совет на Р. Македонија можете да ја погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико