УПОЗ во отворено писмо до Димитриев бара оставка од министерот за правда | Правдико

Правдико

   

УПОЗ во отворено писмо до Димитриев бара оставка од министерот за правда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синдикатот на УПОЗ денеска преку отворено писмо до премиерот, Емил Димитриев, укажаа на актуелната ситуација со штрајкот на судската администрација и, како што велат од синдикатот, на незаконските постапки што се преземаат против штрајкувачите.

protest-sudska-administracija-860x6801

„Со овој допис сакаме да Be информираме дека министерот за правда и Судскиот совет на Република Македонија со своето игнорирање на барањето на штрајкувачите дозволија штрајкот да трае веќе 56 дена и воопшто не се заинтересирани да се најде заемно прифатливо решение. Судскиот буџетски совет, кршејќи го Уставот на Република Македонија и позитивните законски норми, им нареди на претседателите на судовите наместо со поединечни решенија на штрајкувачите да им се скрати 40 отсто од платата со издавање наредба до сметководителите. Ова, дотолку повеќе што на претседателите им се даде слобода произволно да определат кои штрајкувачи да бидат казнети и да им се скрати 40 отсто од плата, а кои да бидат „помилувани“. Вакви случаи веќе има во неколку судови и состојбата таму е хаотична и очигледно целта на Судскиот буџетски совет, со закани и со раздор мeѓy штрајкувачите да се скрши штрајкот, почна дa се ефектуира“, стои во писмото од Синдикатот на УПОЗ до Димитриев.

Од УПОЗ бараат премиерот Димитриев да им укаже на министерот за правда и на одговорните во судската власт дека ваквите постапки се противуставни и противзаконски и дека се во спротивност на меѓународните конвенции.

„Сметаме дека тие треба бидат повикани на одговорност и да поднесат оставки бидејќи не направија ништо да не дојде до штрајк и штрајкот да има неизвесен крај. Бидејќи веќе 56 дена судската власт, една од трите власти според Уставот на Република Македонија, не функционира, уште еднаш бараме итно да одржиме работна средба со Вас за конечно наоѓање решение за барањето на штрајкувачите“, стои во писмото.

Од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија, потсетуваат дека на 3 јуни барале работна средба со премиерот за да го запознаат со нивниот предлог за решавање на ситуацијата, но оттогаш таква средба воопшто не се одржала.

Штрајкот на судската администрација почна на 18 мај годинава.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико