Управител на кочанска фирма го оштетил државниот буџет за над 2 милиона денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Штипската полиција поднесе кривична пријава против 58-годишен кочанец и АМД „ЛОПЕН“ – Кочани, за сторено кривично дело „даночно затајување”.
Како што информираат од МВР, во периодот од 1 јануари 2015 до 31 октомври минатата година, кочанецот, како управител на второпријавеното правно лице, наведувал лажни податоци за приходите на фирмата.
На тој начин, се стекнал со противправна имотна корист од 2.160.635 денари на штета на буџетот на дежавата.
Извор: Макфакс