Управителот на „Силекс неметали“ треба да сведочи во случајот на Сеад Кочан | Правдико

Правдико

   

Управителот на „Силекс неметали“ треба да сведочи во случајот на Сеад Кочан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за слуачјот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан. На рочиштето исказ треба да даде вториот сведок, а тоа е управителот на „Силекс неметали“, кој иако уредно повикан, не се појави на судењето.

На минатото рочиште, СЈО го испраша првиот сведок во случајот „Труст“ дали се негови фактурите и потписите за купопродажниот договор кој не се реализирал меѓу „Транс Мет“ и „Фичо сервис“. Станува збор за купопродажни договори кои фирмата на Кочан, „Транс Мет“, ги потпипала со скопската фирма за набавнка на машини, но никогаш не ги купила.

Феим Имери, сопственикот на фирмата „Фичо Сервис“, сведочеше дека фактурите и договорите се од него, ама за дел од нив не можеше да потврди дека потписот е негов.

Според обвинението, трите фирми, меѓу кои и „Транс Мет“, во 2011-та година добиле тендер од ЕЛЕМ за ископ на јаглен, но дел од машините кои се барале во тендерот ги немале, а приложиле лажна документација дека ги имаат.

Извoр:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико