Управниот суд ги одби сите тужби од партиите за изборите | Правдико

Правдико

   

Управниот суд ги одби сите тужби од партиите за изборите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.

„Денешните јавни расправи по поднесените тужби од политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција “Обнова на Македонија”, Единствена Македонија и Коалиција “Никогаш Северна само Македонија” и Демократи се завршени и изреките на одлуките со кои тужбите се одбиени се јавно соопштени во законски предвидениот рок“, велат од судот.

Претходно беа одбиени и сите тужби поднесени од Левица, Алијанса/Алтернатива, Интегра.

По изготвување на одлуките, тие јавно ќе бидат објавени на веб страната на Управниот суд.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико