Управниот суд ги отфрли сите тужби на Алијансата за Албанците и Алтернативата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Управниот суд до денеска ги отфрли како неосновани сите 75 тужби поднесени од Алијансата за Албанците/Алтернативата откако вчера одби половина. Засега отфрлена е и тужбата на политичката партија Интегра и на едно физичко лице.
„Управниот суд ја информира јавноста дека заклучно со 22.7.2020 година донесени се вкупно 77 одлуки, од кои 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернативата, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра – Македонска конзервативна партија, како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по нив донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат“, информираат од Управниот суд.
Одлуките се објавени на официјалната веб-страница на судот.
Во тек е одржување јавни расправи по поднесени тужби од политичките партии Левица, Социјалдемократска унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите во законски определените рокови.
Извор: Макфакс