Правдико

   

Управниот суд уважил една жалба за изборниот процес

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

“Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции”, изјави Сејдини.

Отфрлени се двете тужби на 1ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање и една која се однесува за заштита на избирачко право поднесена од страна на Стево Митевски со која бара упис во Избирачкиот список. Сејдини посочи дека нема да ги коментира одлуките, кои се образложени и јавно достапни на веб страницата на Управниот суд.

Претседателот на Управниот суд посочи дека очекува и вториот круг од претседателските избори да мине во најдобар ред како и првиот, наведувајќи дека не очекуваат тужби против како што рече вчерашниот мирен изборен ден.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико