Ургентниот центар денеска под засилено полициско обезбедување | Правдико

Правдико

   

Ургентниот центар денеска под засилено полициско обезбедување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување.

12226446_1522325524749220_1278694433_n

На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на нивните роднини. Исто така, засилено обезбедување има и во ходникот, во делот за посетители, кое спроведува строга контрола. Забележливо е и присуство на специјални полициски сили во полна воена опрема.

Пациентите велат дека на абдоменална хирургија воопшто не бил дозволен влез на пациенти, а имало и поголемо полициско обезбедување.

На другите клиники не е забележливо поголемо присуство на обезбедување и на полициски сили.

Утрово, пак, во скопскиот Кривичен суд почна распитот на двајцата браќа осомничени за вчерашниот инцидент на дигестивна хирургија. Полицијата поднесе кривични пријави за обид за убиство, насилство, напад на службено лице и за недозволено поседување огнено оружје.

Во седум часот вчера, синот на починатата пациентка дошол вооружен со пиштол. Влегол во кабинетот на хирургот Огненовиќ, кој го примил за да му објасни што се случило. По ова, напаѓачот почнал да пука, го погодил докторот трипати во ногата, а медицинската сестра успеала да се спаси. Во лекарската соба биле истрелани пет-шест куршуми кои завршиле во sидовите и во мебелот.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико