Уште 5 дена за поднесување Месечен извештај за договорите за дело и авторските договори | Правдико

Правдико

   

Уште 5 дена за поднесување Месечен извештај за договорите за дело и авторските договори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpПравното лице – исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа должен е до Управата за јавни приходи да доставува Месечен извештај (образец “МИ-Д/ИН“) за договорите на дело, авторските договори и други договори со кој е определен надоместок за извршената работа, за секој обврзник за плаќање на придонес поединечно.

Месечниот извештај “МИ-Д/ИН“ задолжително се поднесува по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk, најдоцна до 20-ти во тековниот за претходниот месец.

Даночен обврзник: Правно лице – исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор

Рок: до 20-ти Март

Образец: МИ-Д/ИН

Институција: УЈП

Погледнете ги другите обврски за месец МАРТ

Препорачуваме

Партнери на Правдико