Уште 5 помалку обвинети и осудени за настаните од 27 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основниот суд Скопје 1 соопшти дека уважил уште пет барања на обвинети лица во предметот за настаните од 27 април. Судот постапувал по добиени барања во согласност со Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието по претходно добиени мислења од надлежното обвинителство.
„Судот ги уважи барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17“, соопштија оттаму. Станува збор за петмина кои беа осудени за учество во толпа, кои првично добија условна казна, а потоа Апелациониот суд ја преиначи пресудата во затворска. Од судот додаваат дека сите преостанати барања се одбиени како неосновани.
Уште петмина други осудени за ова дело пред Нова Година добија амнестија. Кривичниот суд со последните решенија одлучи за сите 66 барања кои стигнаа во двата оддели (37 во Одделот за кривично полнолетни и 29 во Одделот за организиран криминал).Досега прифатени се вкупно 25 амнестии, а одбиени 41.
Освен десетте амнестирани за учество во толпа, амнестија добија 15 обвинети од вкупно 33 кои се дел од актуелниот судски процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Извор: Макфакс