Уште два локала во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во општина Центар.
„По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23 часот, а уште два локала, ‘Гнездо’ и ‘Интермецо’, добија решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на емисионото ниво на бучавата во животната средина. По добивањето на ршенијата, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по нив“, соопштија од Општина Центар.
Изминатата седмица општинските инспектори издадоа две решенија за преземање мерки за намалување на бучавата на „Мош“ и „Макка“, а Општината најави дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови во сите делови од општината.
Извор: Макфакс