Уште двајца Германци уапсени во Турција од „политички причини“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уште двајца германски државјани се уапсени во Турција од „политички причини“, изјави портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Марија Адебар.
Со тоа, вкупниот број на политички притвореници во Турција достигна 12 лица.
Адебар прецизираше дека официјална Анкара не го потврдила апсењето на последните двајца германски државјани, но потврда добиле од анадолиската аеродромска полиција.
– Германските власти се уште не добија одобрение да ги видат двајцата уапсени германски државјани- изјави Адебар, без да соопшти повеќе детали за случајот.
Извор: Нова Македонија