Уште еден инцидент во Албанија – запалени 60 лежалки | Правдико

Правдико

   

Уште еден инцидент во Албанија – запалени 60 лежалки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На плажа бар во албанскиот приморски град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска медиумите во таа земја.

Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим.

Според порталите, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на крајбрежјето во оваа област.

Пред неколку дена имаше конфликт меѓу сопствениците на баровите околу столовите и лежалките на плажите, а во тој конфликт исто така беше употребено огнено оружје.

Вчера четири лица загинаа, а две беа  повредени во вооружен судир на една плажа во северна Албанија.

По вооружениот инцидент, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и туристичките центри не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот Запад“.

Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико