Правдико

   

Уште една доживотна казна затвор за обвинет во Диво насеље

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сулејман Османи, уште еден обвинет во случајот Диво Насеље денеска е осуден на доживотна казна затвор за за учество во терористичка организација и тероризам. Тој на одлуката на судот реагираше со аплауз.

На Османи му се судеше во посебна постапка за разлика од останатите 37 обвинети во овој случај, бидејќи тој една година не беше достапен за органите на прогонот, односно беше во Косово. По неговата екстрадиција му се судеше во издвоена постапка.

Судијата Горан Бошевски посочи дека обвинетиот Османи во текот на постапката не ги признавал делата кои му се ставаат на товар, а судот одлуката ја донел ценејќи ги сите материјални докази.

Судијата посочи дека по јавното објавување на пресудата, јавноста ќе може да ги види доказите кои произлегуваат од посебни истражните мерки, кои до сега се чуваа во тајност, а откако ќе ги чуе, рече судијата, ќе се отргнат сите шпекулации кои кружеа изминативе години.

Вчера судот изрече пресуди за 37 лица, од кои 33 лица се осудени. Од нив 7 на доживотен затвор, 13 лица на 40 години, 6 на 20 години, едно лица на 18 години затвор, две на 14, едно на 12 и три на 13 години затвор.

За четири лица судот донесе ослободителна пресуда затоа што обвинителството не успеало да докаже дека освен основано сомнение има и друго дело.

За шеснаесет од осудените судот донесе одлука за трајно протерување од државата.

Извор: Новатв.мк

Партнери на Правдико