Уште една паралелка од насоката Техничар за Индустриска Мехатроника започнува со пракса во Кромберг & Шуберт во склоп на Дуалното образование | Правдико

Правдико

   

Уште една паралелка од насоката Техничар за Индустриска Мехатроника започнува со пракса во Кромберг & Шуберт во склоп на Дуалното образование

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денес се случи потпишувањето на договорите за извршување на практична работа кај работодавач помеѓу компанијата Кромберг & Шуберт и учениците кои завршија прва година на насоката Техничар за Индустриска Мехатроника при средното техничко училиште СОТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола.

Компанијата Кромберг & Шуберт се приклучи кон моделот на Дуално образование во 2018 година придонесувајќи да се оформи новата насока за Техничар за Индустриска Мехатроника. Разликата помеѓу моделот на Дуално образование и класичното образование е тоа што учениците од оваа насока почнуваат со посета на практична настава кај работодавач од втора година средно образование. Изминатата учебна година веќе се спроведе практичната настава во компанијата за учениците кои беа втора година со тоа што еден ден во неделата учениците го поминуваа во посебно опремениот кабинет по Мехатроника во склоп на компанијата.

10 нови практиканти ќе започнат со посетување на феријална пракса во наредните две недели, додека учениците од паралелката која заврши втора година веќе посетуваат феријална пракса под раководство на посебно обучени ментори и заедно со Техничарите од компанијата активно се вклучени во одржувањето на тест-масите во производствениот погон.

Ова е одлична можност за учениците да може практично да се запознаат и да ги продлабочат веќе стекнатите знаења. Секое теоретско стекнато знаење го добива своето значење кога истото и практично се применува.

Им посакуваме успешна учебна година и успешно совладување на практичната настава на сите ученици.

Кромберг & Шуберт - Дуално образование (1)
Кромберг & Шуберт - Дуално образование (2)
Кромберг & Шуберт - Дуално образование (3)
Кромберг & Шуберт - Дуално образование (4)
Кромберг & Шуберт - Дуално образование (6)
Кромберг & Шуберт - Дуално образование (1) Кромберг & Шуберт - Дуално образование (2) Кромберг & Шуберт - Дуално образование (3) Кромберг & Шуберт - Дуално образование (4) Кромберг & Шуберт - Дуално образование (6)

Партнери на Правдико